Пачворк
Пачворкот е техника на составување на мали парчиња материјал вообичаено со сличен дезен и боја кои се мерат и сечат, за потоа да бидат составени во поголем дизајн.
Комбинацијата на одделни парчиња од кои се составени производите зависи од моменталната креативност на тој што ги составува. Секое парче облека го има духот на Тајланд.
Слободата, смиреноста и убавината на оваа особена земја.
Тајландски рибарски панталони (Fisherman pants)
Тајландските рибарски панталони се многу едноставни и лесни за носење. Унисекс панталони, со крој кој одговара на сите.
Додатен материјал се врзува околу струкот на начин на кој формира колан. Иако традиционално било користени од рибарите во Тајланд, ова парче облека стана многу популарно за на одмор, за вежбање, за патување, за трудници и за секој момент на релаксација.
****************************************
Уживајте во оригиналните тајландски пачворк и фишермен панталони, увезени за Вас од Банкок, Тајланд.