Ги препорачуваме нашите Yukata и Obi belt за сите кои сакаат да облечат Кимоно за прв пат.
Ако го пробате еднаш сигурни сме дека ќе го засакате и ќе стане дел од Вашиот секојдневен живот.
Затоа што лесно се облекува и ќе се чувствувате многу пријатно во него.
Користете го во Вашите единствени моменти на релаксација и уживање. Со сигурност ќе има едно кое особено ќе Ви се допадне.
Уживајте во оригиналното јапонско Кимоно увезено за Вас од Осака, Јапонија.
Како да го облечете своето Кимоно.
Прво наместете ја убаво јаката од Кимоното. Исто така одредете ја должината на Кимоното. Треба да биде долго до земја.
Потоа фатете ги двете страни на Кимоното кај струкот со двете раце. Исправете.
Прво до телото се прилепува страната која се држи со десната рака.
Потоа се става левата страна врз десната. Тоа секогаш е така.
За жени:
Оби коланот наместете го преку левото рамо. Делот што доаѓа кај градите однапред почнете да го обвиткувате околу струкот, два пати. Потоа спојте ги двата краја напред во убава машна. Со нежно движење, префрлете ја машната на грбот, доколку сакате. Наместете го оби коланот однапред да стои право.
За мажи:
Свиткајте го коланот во хоризонтала. Наместете го на колковите. Оставете мал дел за врзување. Обмотајте го три пати околу себе. Делот кој ќе Ви остане свиткајте го назад на тој начин што ќе Ви остане дел колку што Ви е долга раката. Со слободните делови врзете чвор на кој краевите ќе му бидат нагоре.
Кинчаку торбичка - Се носи со Кимоното за носење на новчаник, телефон, козметика...